3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens го купи стартапот Start Robotics

Siemens го купи стартапот Start Robotics

Компанијата „Siemens“ го купи стартапот „Building Technologies“, кој работи на пазарот за дигитални работни места.

Стартапот кој е базиран во Оукланд, Калифорнија, е лидер во секторот и е популарен со основниот производ „Comfy“, посочуваат од „Siemens“.

Германскиот концерн планира да го направи „Building Robotics“ подружница на „Siemens Industry“, целосно во сопственост на компанијата. Сепак, стартапот ќе продолжи да работи како самостоен провајдер на платформи.

Ко-основачите на „Building Robotics“ – нејзиниот извршен директор Ендрју Криуков и нејзиниот главен технички директор Стивен Доусон-Хегерти, ќе ги задржат своите раководни улоги во неа.

Компаниите очекуваат зделката да биде финализирана во третиот квартал од 2018-та година, но не откриваат повеќе детали за неа.

Со „Comfy“ одделението на „Siemens“ ќе ги поврзе луѓето, местата и системите, создавајќи уникатна работна средина со фокус на луѓето“, вели германската компанија.

Според зборовите на Ендрју Криуков, „Comfy“ го реформира начинот на кој луѓето комуницираат со своите работни места. Според него договорот ќе даде поголеми можности за забрзување развојот на нови функционалности на софтверот за експанзија на отворениот протоколен екосистем и да допре до поголем број корисници.

„Comfy“ е основана во 2012-та година, а меѓу нејзините клиенти се САД, Австралија, Сингапур и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП