26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДве години за рехабилитација на НКБМ

Две години за рехабилитација на НКБМ

novakbm1

Рехабилитацијата на втората најголема словенечка банка би можела да потрае две години, по што таа повторно би можела да работи без загуба, оцени директорот на Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), Алеш Хауц.

НКБМ во 2013 година заврши со загуба од 203 милиони евра, главно поради извршените резервации и отписи на лоши кредити. Префрлувањето на лошите кредити на банката во т.н слаба банка, започна денес, потврди Хауц.

Дека лошите долгови од банката ќе се префрлат во т.н слаба банка започнувајќи во јуни, како што и беше ветено на Европската комисија, во повеќе свои изјави го спомена премиерката Аленка Братушек и министерот за финансии Урош Чуфер.

Владата на премиерката Аленка Братушек, НКБМ ја вклучи во листата на државен имот кој би сакала да се продаде, но смета дека заинтересираните ќе можат да се најдат по рехабилитацијата на банката.

Хауц на состанок со акционери најави дека врз основа на наодите од ревизијата на банката, во есен ќе покрене акција за отштета против 15 лица, а станува збор за штета од 66,5 милиони евра, која на банката и е нанесена кога таа беше предводена од претходната управа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП