13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија е меѓу земјите со највисока потрошувачка во Европа

Германија е меѓу земјите со највисока потрошувачка во Европа

Речиси две третини од Германците (63 проценти) ја дефинираат својата финансиска состојба како „добра“ или „многу добра“, додека помалку од половина Европејци (47 проценти) го велат истото за сопствената финансиска состојба. Ова е студија на консултантската компанија „Nielsen“.

Околу 69 проценти од анкетираните Германци ги предвидуваат перспективи за работа во наредните 12 месеци како „добри“ или „многу добри“ при просечна позитивна оценка за ова прашање меѓу Европејците сметаат 39 проценти.

„Nielsen“ спроведува годишни истражувања во 64 земји во врска со изгледите за вработување на луѓето, нивните лични финансии и нивната подготвеност да трошат. Истражувањето опфати 17.000 луѓе во оваа година.

„Особено во однос на можностите за работа, Германците се многу попозитивни од остатокот на Европа и тоа ја зголемува нивната потрошувачка“, вели аналитичарот на „Nielsen“, Инго Шир. Тој исто така објасни дека заедничките европски податоци покажуваат дека Германците спаѓаат во групата оние што „најмногу трошат“ во Европа.

На крајот од минатата недела стана јасно дека стапката на невработеност во Германија остана непроменета во јуни, бидејќи пазарот на трудот во најголемата европска економија остана силен. Федералната агенција за вработување соопшти дека во јуни стапката на невработеност изнесуваше 5,2 отсто, земајќи ги предвид сезонските фактори. Без нив, нивото во јуни опадна на 5 отсто, во споредба со 5,1 отсто во мај.

Севкупно, минатиот месец, регистрирани се 2.28 милиони лица како невработени, што е за 40.000 помалку во однос на претходниот месец. Споредено со јуни 2017-та година, бројот на невработени се намали за 197.000 или 0,5 процентни поени.

Покрај тоа, државната агенција регистрираше над 805.000 работни места во јуни, што претставува пораст од 74.000 во споредба со претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП