4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија забрани увоз на производи од овци и кози од Бугарија поради...

Македонија забрани увоз на производи од овци и кози од Бугарија поради чума

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви овци и кози, како и семе, јајце клетки, емброни, месо, млеко и производи од млеко од овци и кози, со цел спречување на болеста чума, која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а во земјите од регионот присутна е и во Турција.

Чумата кај малите преживари (овци и кози) е вирусно заболување кое брзо се шири во стадото и предизвикува големи економски загуби кај оваа категорија животни и не претставува опасност за луѓето. Симптоми по кои може да се препознае ова заболување во стадото се: треска, рани во устата, дијареа, пневмонија (проблеми со дишењето), абортуси кај гравидните животни, смрт кај животните. Болеста најтешко се манифестира кај младите животни, а кај козите повеќе од овците.

Вирусот се излачува преку солзите, назалниот секрет, со кашлање и преку изметот од заразените животни, а болеста се шири преку директен и близок контакт меѓу животните. Водата, коритата за исхрана на животните и постелката, исто така, може да бидат контаминирани со секрети и да бидат дополнителни извори на инфекцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на овци и кози, до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари да го пријават секое сомнително грло и доколку и кај едно животно забележат симптоми на оваа болест, на сите животни од одгледувалиштето да им се оневозможи движење надвор од одгледувалиштето од каде не смее да се изнесуваат и производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП