7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите Британци претпочитаат да инвестираат во биткоин, отколку во имот

Младите Британци претпочитаат да инвестираат во биткоин, отколку во имот

Три четвртини од претставниците на генерација „Y“ (родените меѓу 1980-та и 2000-та година) во Велика Британија би сакале да ги вложат своите пари во акции, обврзници или биткоини, наместо во имот, покажува истражувањето на градежната компанија „Get Living“, цитирано од „Financial Times“.

Според него, младите луѓе го свртуваат грбот на пазарот за недвижнини во земјата, откако тој бележи пад. Една петтина од луѓето на возраст меѓу 21 и 35 години би сакале да инвестираат во криптовалутата биткоин, отколку во имот, а друга една петтина смета дека банкарската сметка е подобра инвестиција од дом.

Околу две третини од испитаниците, 3.000 британски млади го изнајмуваат домот во кој живеат. Околу половина од младите сопственици на куќи им препорачуваат станарите да продолжат да изнајмуваат.

Над половина од претставниците на генерација „Y“ велат дека инвестицијата во имот во близина на местото каде што живеат во следните пет години е „висок ризик“.

Околу половина од учесниците во анкетата изјавиле дека по купувањето на живеалиште се преселиле во повеќе неповолно место, а 45% велат дека пропуштиле „прекрасни можности за работа“ поради „неповолната“ локација на нивниот дом.

Во извештајот исто така се забележува дека младите луѓе се претпазливи кога станува збор за инвестирање во недвижен имот. Нивното однесување е во согласност со она на сопствениците на куќи кои избегнуваат да инвестираат во нови домови за изнајмување поради владините фискални мерки.

Во 2016-та година поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн воведе повисок данок со 3 процентни поени за живеалишта со инвестициска цел и втор дом.

За разлика од инвеститорите кои купуваат дополнителни домови, луѓето доаѓаат до имот за сопствена употреба, имаат корист од мерките на Владата за поддршка на сопственоста на домови, вклучувајќи ја програмата „Help-to-Buy“.

Сепак, сопственоста на имотот останува надвор од дофатот на многумина, бидејќи цените на куќите го надминуваат растот на платите во многу делови од земјата.

Одделно истражувањето објавено оваа година од Институтот „Resolution Foundation“, потврди дека една третина од младите нема да можат да си дозволат сопствен дом, додека се пензионираат.

Но, постојат знаци на „ладење“ на пазарот. Последните податоци на Кралскиот институт на лиценцирани проценители на имот потврди дека британскиот станбен пазар остана без промена во мај. Според компанијата „Nationwide“ цените на куќите во Лондон се намалени за прв пат од 2009-та година минатиот септември, додека цените на куќите во целата земја имаа пад од 0,2% во последните три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП