13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 3000 туристи викендов го посетиле Крушево

Над 3000 туристи викендов го посетиле Крушево

Изминатиот викенд за фестивалот „Вен ин Крушево“ (When in krusevo) градот го посетиле околу 3 000 луѓе вклучувајќи ги параглајдерстите и сите заинтересирани за претстојното полско првенство во параглајдерство, соопшти Општината.

Фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ содржеше музички концерти, планинарски, велосипедски, ботанички, тури со кајак, оф роуд (of road) тури, крушевска софра и друго.

На првата вечер на концертот на отворено, меѓу другите, настапија Игор Џамбазов и Гуру Харе, додека на втората вечер главни ѕвезди беа Inner Circle. Саботното претпладне беше резервирано за планинарските и велосипедските тури и школа за тенис организирана од клубот „Југ“, додека попладнето околу Крушевско Езеро се одвиваа кросфит и јога-часови, дегустација на храна, кајак-тури и друго.

Последниот ден беше резервиран за планинарската трка на 24 километри низ крушевската корија, а во центарот на градот беше поставена крушевска софра, заедно со музичка забава. Фестивалот официјално беше затворен со проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на градскиот плоштад „Никола Мартиноски.

„Вен ин Крушево“ се одржува по вторпат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП