3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД може да изгуби 14 милијарди долари од царините за европските автомобили

САД може да изгуби 14 милијарди долари од царините за европските автомобили

Царинските давачки на САД за увоз на европски автомобили може да ја чини американската економија помеѓу 13 и 14 милијарди долари. Тоа го предупредува Европската комисија како одговор на барањето на Вашингтон за коментар по ова прашање, соопштува американското издание „Politico“, цитирано од агенциите.

Наметнувањето такви тарифи пред се ќе и наштети на економијата на САД, рече Брисел во документот од 11 страници, датиран во петокот.

Според внатрешна анализа на ЕУ „дополнителните давачки од 25% за автомобилите и автомобилските делови на прво место ќе имаат негативен ефект врз бруто домашниот производ на САД во износ 13-14 милијарди долари, а балансот на тековната сметка на САД нема да биде под влијание позитивно“.

Претседателот Доналд Трамп неодамна наметна давачки од 20 проценти за увоз на европски автомобили, ако Брисел не ги повлече тарифите и другите трговски бариери кои се наметнати, тоа може да ескалира во трговски конфликт.

Европските производители на автомобили имаат произведено во САД од 2,9 милиони автомобили, што е еквивалентно на 26% од американското автомобилско производство во минатата година, прецизира документот.

Дури и без да се земе предвид „Chrysler“, кој според забелешките на Европската комисија е еден од „тројцата големи“ американски производители на автомобили, но веќе е во европска сопственост, производството на компаниите во сопственост на европски сопственици во САД, достигна 16% од националното производство или 1,8 милиони автомобили.

Документот го потсетува Вашингтон дека европските компании кои произведуваат во САД, често ги внесуваат потребните делови за нивните американски фабрики и извезуваат голем дел од крајното производство. На овој начин тие придонесуваат значително за подобрување на трговскиот биланс на САД, кој е приоритет за администрацијата, нагласува ЕК.

Освен тоа, во документот на Европската комисија се наведува дека наметнувањето на увозните американски царини за европските автомобили може да предизвика контрамерки од трговските партнери на САД.

„Ова влијание ќе биде дополнително значително од веројатните контрамерки на американски трговски партнери на голем обем од трговијата“, предупреди Комисијата, цитирана од светските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП