4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai е се поблиску до купување на Fiat-Chrysler

Hyundai е се поблиску до купување на Fiat-Chrysler

Корејската група „Hyundai Motor“ не се откажува од купување на италијанско-американскиот концерн „Fiat Chrysler Automobiles“, но засега е во позиција на исчекување, пишува весникот „Asia Times“, кој открива детали за евентуалната идна трансакција.

Според информациите, главниот извршен директор на „Hyundai Motor Group“ – Чеонг Монг Кју, подготвува предлог за „Fiat Chrysler Automobiles“ за купување. Но тоа ќе се случи дури по повлекувањето на Серџио Маркионе како шеф на концернот, што е предвидено за мај следната година.

Според податоците на „Asia Times“, планот за купување на „FCA“ е дело на шефот на компанијата „Elliott Management“ – Пол Сингер, кој до сега има инвестирано околу 1 милијарди долари во „Hyundai Motor Group“. Тој ќе биде спроведен и поради очекуваниот пад на цената на акциите на концернот.

Друго издание – „Motor1“, објави неколку факти кои ја прават зделката многу веројатна. Првиот е дека продажбата на „FCA“ во Азија не оди добро, додека „Hyundai“ одлично се справува на овие пазари. Вториот е дека меѓу САД и Јужна Кореја има доста профитабилен трговски договор, додека односите меѓу САД и ЕУ се на чекор од моќна економска криза.

Некои од брендовите на „FCA“ има сериозни проблеми и на американскиот пазар. Во 2017-та година „Chryser“ продал во САД едвај 188.500 автомобили, што е 3 пати помалку од 2005-та година. Резултатот на „Dodge“ е 447.000 единици, што е два пати помалку од 2007-ма година.

Кај „Fiat“ работите се уште полоши, како Италијанците продале само 26.500 нови автомобили во Европа во минатата година, што е за 50% помалку од 2015-та година Во Кина ситуацијата е исто така многу лоша – за 3 години резутатот на „Fiat“ опадна за 25 пати – од 68.900 возила во 2015-та до 2.300 во 2017-та година.

Единствената марка на „FCA“, која покажува раст во последниве години е „Jeep“. Нејзината продажба во Европа скокна за 2 пати, слична е и ситуацијата во САД, каде Брендот реализирал над 800.000 автомобили во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП