2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали сакате да знаете колкава плата имаат вашите колеги?

Дали сакате да знаете колкава плата имаат вашите колеги?

novcanik1

Сите сакаат да знаат, но малкумина се осмелуваат да прашаат. Колкава е платата на другите? Во големите компании, тоа е традиционална деловна тајна. Тоа е така со цел меѓу колегите да не се создава љубомора, нервоза, конфликти и сл.

Компаниите, од друга стана, со договор со вработениот се обидуваат тоа да остане тајна на секој вработен која ќе ја знае само работодавецот.

Има многу причини за тоа, интересот на компанијата е пред се таа да пројде ефтино, па така, таа ќе ја понуди најмалата плата и ќе цели кон тоа да остане тајна, за да не можат вработените меѓусебно да разговараат за незадоволството.

Дали и како да прашате за висината на платата на вашите колеги? Ако некој навистина сака да праша, препорачуваме тоа да го стори кај колегите во кои има најголема доверба. Но никој не ви гарантира, можеби ни тие нема да ви кажат.

Доколку вашата намера е вие да се истакнете во однос на другите и ако сакате да им покажете колку скапо сте платени, не го правете тоа, може да се разочарате ако дознаете дека вашата плата всушност е најмала.

Бидете свесни дека некој може да го одбие вашето прашање, може да создадете непријатна ситуација, па дури и да навлезете во конфликт, со самото тоа ќе бидете повикани и од работодавецот на разговор бидејќи не сте го одржале ветувањето дека ќе ги чувате тајните околу платата.

Доколку сте во ситуација во која сакате да истражите дали лично вие добивате соодветна плата, тоа направете го надвор од фирмата, споредете се со колегите кои ја вршат истата работа како вас но во други компании, споредете ги работните часови, бенефициите, одморот, платата и на тој начин ќе увидите дали земате доволно плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП