30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите луѓе чуваат 8,2 илјади милијарди долари во даночните засолништа

Најбогатите луѓе чуваат 8,2 илјади милијарди долари во даночните засолништа

Вкупните средства кои најбогатите луѓе во светот ги чуваат во странство, се зголемиле за 6% во 2017-та година и веќе достигнуваат 8,2 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на „Boston Consulting Group“, цитирани од француското издание „Les Echos“.

Предноста на чување на богатството надвор од границите на татковината е дека тоа им овозможува на повеќето богати луѓе во светот да ги искористат предностите на поповолните национални даночни системи. Бројни земји кои се сметаат за даночен рај, го привлекуваат нивниот интерес и ги искористуваат предностите на протокот на капитал.

Швајцарија очекувано е најпосакуваната земја во која богатите ги чуваат парите. Во 2017-та година 19-та по големина економија во светот со бруто домашен производ од 700 милијарди долари привлекла 2,3 илјади милијарди долари во форма на капитал кој припаѓаат на богатите странци. Меѓу нив доминираат Германците, Французите и Саудијците, покажуваат податоците на „Boston Consulting Group“.

Швајцарија е значително пред Хонг Конг и Сингапур, кои исто така привлекуваат значителен капитал на богатите странци во Азија. Во 2017-та година Хонг Конг располагал со 1,1 илјади милијарди долари (944 милијарди евра), а Сингапур со 900 милијарди долари (772 милијарди евра). Овие две азиски земји кои се сметаат за даночни засолништа, ги привлекуваат првенствено богатите Кинези, Тајванци и Јапонци.

После триото се рангира САД, замја која привлекла 700 милијарди долари од богатите странци во минатата година благодарение на Делавер и други држави кои се сметаат за даночен рај на нивна територија. Повеќето богати странци доаѓале од Мексико, Кина и Аргентина.

Велика Британија исто наоѓа место на чело на листата, иако приливот на капитал од богатите странци во земјата се намалува (300 милијарди долари во 2017-та година), покажуваат податоците на „Boston Consulting Group“.

Меѓу земјите кои привлекуваат најмногу капитал на богатите странци се најдоа уште Луксембург, Обединетите Арапски Емирати, Монако и Бахреин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП