4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп најави санкции за европските фирми кои соработуваат со Иран

Трамп најави санкции за европските фирми кои соработуваат со Иран

САД ќе воведат санкции на европските компании кои соработуваат со Иран, предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп.

Тој во интервју за „Фокс њуз“, на прашање дали ќе воведе санкции на европските компании, доколку соработуваат со Иран, одговорил со „секако“. „Тоа е тоа што го правиме, апсолутно“, рекол Трамп.

Тој ја обвини Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) дека манипулира со светските пазари на нафта и ја предупреди да престане да го прави тоа. „Подобро ќе ѝ биде да прекине со тоа затоа што ние штитиме многу од тие земји“, додал Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП