13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонскиот БДП порасна повеќе од очекуваното

Јапонскиот БДП порасна повеќе од очекуваното

japonija14

Јапонската економија во првиот квартал од оваа година порасна повеќе од очекуваното, покажуваат најновите владини податоци, кои најверојатно ќе ја зајакнат поддршката за напорите на Токио да го зголеми растот.

Владината канцеларија објави дека ревидираните податоци покажале дека во периодот од јануари до март, јапонската економија пораснала за 4,1 процент на годишно ниво, во однос на прелиминарно проценетите 3,5 проценти.

ММФ  прогнозираше дека јапонската економија оваа година ќе забележи раст од 1,6 проценти.

Владината канцеларија, исто така, објави дека ревидираните податоци за реалниот БДП покажуваат дека економијата во првите три месеци од оваа година пораснала за 1,0 проценти, нешто повеќе од претходно проценетите 0,9 проценти.

Меѓу причините за подобрувањето се наведува и поголемата капитална потрошувачка, клучниот индикатор за расположението меѓу производителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП