20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку причини поради кои луѓето ја мразат својата работа

Неколку причини поради кои луѓето ја мразат својата работа

Недостатокот на ангажман, волјата и мотивацијата се првите знаци на незадоволните работници, кои во тој случај обично многу малку допринесуваат за фирмата, но и за целиот тим.

Речиси три четвртини од вработените немаат мотивација за својата работа, покажала студијата на тренинг центарот „Dale Carnegie“.

Колумнистот на „Forbes“ Илиа Позин направи листа од 10 различни причини зошто луѓето ја мразат својата работа.

10. Мислат дека „тревата е зелена кај соседот“

Доколку вработениот дознае дека негов пријател работи во друга фирма за која вели дека е супер, веројатно и самиот ќе посака подобро место, посебно ако тој пријател има подобри услови и подобра атмосфера за работа.

9. Нивните вредности не се во согласност со принципите на компанијата

Незадоволството со тек на времето ќе раст се повеќе ако работникот не верува во она што го промовира компанијата.

8. Не чувствуваат дека ги ценат

Колку и да работат, не добиваат „тапкање по рамо“, ни едно обично „благодарам“, а да не зборуваме за парична стимулација. Во вакви случаи, вработените и тоа како ќе бидат незадоволни, сфаќајќи дека нивниот труд, напор и време ни малку не се ценат.

7. Работата не им е сигурна

Многу е лесно да не си ја сакате работата ако знаете дека лесно можете да ја загубите во наредните неколку месеци. Ако компанијата поминува преку тежок период, тоа ќе се одрази и на вработените. Вработените ќе посакаат да ја побараат среќата на друго, посигурно место.

6. Немаат простор за напредок

Еднаш кога ќе го достигнат „плафонот“ во својот напредок и останат на него, не учејќи нови работи и знаејќи дека тоа ќе го работат во следните неколку децении, незадоволството и демотивираноста ќе расте се повеќе и повеќе. И во првата прилика, тие ќе заминат.

5. Незадоволни се со платата

Нема поголем „убиец“ на страста за работа од платата која е далеку помала од онаа која вработениот смета дека ја заслужува.

4. Премногу е ограничена работата

Правилата се добри, но ако ги има премногу, можат да го уништат тимот, креативноста и развојот. Неможноста за одлучување, во секој вработен ќе ја „убие“ волјата за напредок.

3. Секогаш е се исто

Ако нема нови предизвици на работното место, знаења и препреки кои треба да ги совладате, мотивацијата систематски ќе паѓа.

2. Исчезнала страста за работата

Голема е разликата меѓу поговорките „живеам за да работам“ и „работам за да живеам“. Денес многу работници не бираат работа бидејќи сакаат да имаат било каква. Но, ако нема страст и љубов кон она што го работат, тоа многу брзо ќе се одрази и на резултатите на компанијата.

1. Шефот им е „катастрофа“

Лошото управување и менаџмент можат и најмотивираните и најплатените да ги фрлат во очај. Критикувањето, лошата комуникација, навредите и отвореното покажување на незадоволство се особините кои создаваат контраефект. Разговорот со вработените околу проблемите ќе донесе многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП