20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло време, со услови за попладневен дожд

Сончево и топло време, со услови за попладневен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со подолги сончеви периоди, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне, пак, ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе биде со засилен интензитет. Утринските температури ќе се движат од 12 до 17, а дневните, највисоки, во интервал од 21 до 30 степени Целзиусови.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП