
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите од ЕУ мора да го следат примерот на Германија во затегнувањето на буџетот и реформирањето на пазарот за труд, со цел да го вратат растот.


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите од ЕУ мора да го следат примерот на Германија во затегнувањето на буџетот и реформирањето на пазарот за труд, со цел да го вратат растот.
Додека европските лидери настојуваат да излезат од рецесија и да се изборат со рекордната невработеност, Меркел ги пофали напорите на Германија за задржувањето на стабилноста на економијата во текот на кризата, неведувајќи дека 17 земји-членки на еврозоната мора да го задржат рецептот за буџетска дисциплина и унапредување на конкурентноста, пренесува агенцијата Блумберг.
„Во голем интерес на Германија е да направи се за структурните реформи и буџетската дисциплина да можат да стапат на сила и во другите земји“, изјави Меркел во своето неделно обраќање до нацијата.
Иако францускиот претседател Франсоа Оланд во својата изјава кажа дека тригодишната криза во еврозоната е готоа, растечкиот ризик од отпис на грчкиот долг и големата стапка на невработеност во земјите на Европа би можеле да предизвикаат криза.
Министрите за финансии од Шпанија, Германија, Италија и Франција ќе се сретнат на 14 јуни во Рим, со цел да се договорат за планот со кој ќе се борат против невработеност меѓу младите во еврозоната.
Меркел и Оланд се сретнаа кон крајот на минатиот месец за да разговараат за тоа прашање, најавувајќи 6 милијарди евра за борба против невработеноста.