4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежните компании лани потрошиле за 24,9 проценти помалку материјали

Градежните компании лани потрошиле за 24,9 проценти помалку материјали

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.701.532 илјади денари, што е за 24.9 проценти помалку во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата „Материјали за врзување“ со 3.574.938 илјади денари (36.8 проценти), потоа следат групите „Потрошено гориво“ со 1.336.566 илјади денари (13.8 проценти), „Изолациски материјали и премази“ со 1.184.713 илјади денари (12.2 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП