ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во еврозоната ја достигна посакуваната цел на ЕЦБ

Стапката на инфлација во еврозоната се очекува да се забрза до така негуваните 2% во јуни, откако во претходниот месец достигна 1,9%. Ова се прелиминарните проценки на „Еуростат“.

Ако податоците бидат потврдени при читањето подоцна во месецот, тогаш тоа би било највисоко ниво на инфлацијата за регионот од февруари 2017-та година, или 16-месечен максимум. Значи, податоците конечно ќе ја достигнат посакуваната инфлација што ја следи Европската централна банка.

Еврото благо поскапе веднаш по веста, достигнувајќи ниво од 1,1658 долари, а пред тоа се разменуваше за 1,1654 долари.

Главниот поттик на потрошувачките цени доаѓа од енергијата, чии цени се зголемиле за 8% во однос на 6,1% во мај, најверојатно поради поскапувањето нафтата во текот на месецот.

Цените на храната, алкохолот и тутунските производи, исто така, се зголемија за 2,8% од 2,5%, како и на неенергетските индустриски стоки – со 0,4% во однос на 0,3% во мај.

Само вредноста на услугите означуваше мало забавување на растот од 1,3% во споредба со 1,6% во петтиот месец од годината.

Основната инфлација, која ги исклучува промените во цените на нестабилните стоки, како енергијата и храната и се смета за точен показател останува релативно стабилен, иако сепак бележи минимално забавување до 1% од 1,1% во претходниот месец.

Податоците за финалната инфлација на „Еуростат“ за еврозоната и Европската унија како целина ќе бидат објавени на 18-ти јули.