4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина најави укинување на ограничувањата за одредени странски инвестиции

Кина најави укинување на ограничувањата за одредени странски инвестиции

Кина најави укинување на рестрикциите за странски инвестиции во одредени сектори, што се толкува како нов потег за отворање на оваа азиска земја, во период кога се подготвува за можна трговска војна со САД.

Ублажувањето на рестрикциите ќе стапи во сила на 28 јули и ќе се однесува на автомобилската индустрија, инфраструктурата и рударството, соопшти кинеската Агенција за економско планирање.

Агенцијата објави и „негативна листа“, на која се наведени сектори каде странските инвеститори не можат слободно да пристапат.

Таа листа, по стапувањето во сила на новата одлука на кинеските власти, ќе се однесува на 48, наместо на 63 области.

Некои чувствителни области, како што се културата и националната безбедност, и натаму ќе бидат заштитени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП