23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставничкиот дом на САД одобри буџет од 675 милијарди долари за Пентагон

Претставничкиот дом на САД одобри буџет од 675 милијарди долари за Пентагон

Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-законот за буџетот на Министерството за одбрана во износ од 675 милијарди долари, кој предвидува 2,6 проценти пораст на средствата за армијата, пренесоа американските медиуми.

Нацрт-законот беше усвоен со 359 гласови „за“, 49 „против“, и ќе оди на разгледување во Сенатот.

Вкупно 146 милијарди долари ќе бидат наменети за воена техника, вклучувајќи 22,7 милијарди за 12 брода, две подморници и три брода за водење на борби во крајбрежните зони.

Уште 9,4 милијарди долари се наменети за 93 авиони „Ф-35“ и 4 милијарди за „Блек Хок“, „Апачи“ и други.

Според републиканецот Кеј Грејнџер кој раководи со еден од поткомитетите за одбрана, законот обезбедува потребните ресурси „за одговор и одвраќање закани од земји како Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, како и за спротивставување на екстремисти од целиот свет“.

Забрането е купување производи и услуги од телекомуникациските гиганти „ZTE“ и „Huawei“. „ZTE“ е обвинета за кршење на трговските закони за продажба на „чувствителна“ технологија во Северна Кореја и Иран.

„Huawei“ има врски со кинеската влада и се смета за закана за националната безбедност на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП