19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродадена слика на Ворхол за 950 биткоини

Продадена слика на Ворхол за 950 биткоини

Лондонска галерија одржа криптовалутна аукција, на која беше продадена првата слика дело на Енди Ворхол „14 мали електрични столчиња“. Уметничкото дело беше купено во делови преку платформата „Maecenas“.

Првата светска аукција на криптовалути се одржа на 20-ти јуни. Учесниците имаа можност да купат дел од работата на Ворхол од 1980-та година.

На аукцијата се реализираше 49% од сопственоста. Ова значи дека купувачите не ја добиле целата работа, туку само дел од неа.

49 проценти од сликата беше проценета на 5,6 милиони долари или 950 биткоини, соопшти „Dazed“.

Секој може да стане сопственик на Ворхол, вели блогот на страницата на „Maecenas“. Целта на аукцијата е да се прогласи за демократизација на пристапот до ремек-дела од светската уметност.

Настанот беше организиран од „Dadiani Syndicate“, првата Британска Уметничка галерија, која прифаќа криптовалути како средство за плаќање.

Купување на дел од сликата „14 мали електрични столици“ беше можно преку криптовалутите биткоин, етериум или „Maecenas“. Набавката е легализирана со паметем договор со „Ethereum“ и криптографски потпис.

Според зборовите на извршниот директор на „Maecenas“, Марчело Гарсија Касила, делото на Ворхол е првото уметничко дело што се продава со „блокчејн“ технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП