11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Владата дава силна поддршка на инвестициите на иселениците

Бектеши: Владата дава силна поддршка на инвестициите на иселениците

Владата на Република Македонија силно ги поддржува инвестициите во Македонија од страна на иселниците, а таквата поддршка е многу поповолна во споредба со домашните и странските инвестиции. Ова при посетата на Дебар го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој додаде дека овие инвестиции се многу важни, а компанијата „Слице Македонија“ во Дебар, која дејствува во САД и е во сопственост на Илир Села, е добар пример за тоа како иселениците овозможуваат вработување на голем број млади луѓе во родниот крај. Бектеши рече дека со оглед на тоа што недостига кадар, компаниите треба да соработуваат со Универзитетите во земјава.

Во оваа дебарска компанија која има вработено над 2оо млади, а има отворено и свои центри и во Охрид и други градови на Македонија има потреба од стручен кадар заради што најавуваме отворање центри и во други градови на Македонија, истакна на средбата менаџерот Бутрит Села.

Министерот Бектеши и градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, ја изнесоа оценката дека дебарските иселеници од година во година отвораат свои бизниси во родниот крај и даваат поддршка во вработувањето на младите во Дебар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП