13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing работи на авион кој ќе стигнува насекаде во светот за 3...

Boeing работи на авион кој ќе стигнува насекаде во светот за 3 часа

„Boeing“ сака да создаде патнички авион кој се движи со пет пати поголема брзина на звукот.

Таквиот авион ќе може да превезе патници до било каде во светот само за три часа, објави „CNN“.

Со максимална брзина од над 6.000 километри на час, летот од Њујорк до Лондон, на пример, ќе трае 120 минути, во споредба со сегашните околу 7 часа.

„Boeing“, најголемиот светски производител на авиони, вели дека концептот се уште е во рана фаза на развој.

Клучните технички предизвици треба да се решат пред компанијата да изгради прототип, вели портпаролот на „Boeing“, Бријана Џексон.

„Можно е концептот да стане реалност за 20 или 30 години“, вели Џексон.

„Потребни се години за да се заврши, а уште повеќе за технологијата која бара понатамошно тестирање и подобрување на работниот процес за да можеме да дознаеме како може да се вклопи во пазарот“, вели таа.

„Boeing“ е прилично сериозен кога зборува за суперсоничен авион, бидејќи тие со години ги тестираат ултра-брзите технологии, објаснува Џексон.

Значи концептот што се разгледува е само еден од ретките. Претходно оваа година „Boeing“ претставија дизајн за автономен суперсоничен дрон кој може да се користи од страна на војската за разузнавачки мисии.

Ако „Boeing“ ја претвори својата идеја за суперсоничен патнички авион во реалност, тогаш тоа би можело да биде најбрзото летало создадено досега. Авионот би бил двојно побрз од легендарниот „Concorde“, кој можеше да остварува прекуокеански летови за помалку од четири часа, но не е во употреба најмалку 10 години.

„Boeing“ не е единствениот што се обидува да создаде супербрз авион. Во оваа насока работат и компании, како „Lockheed Martin“ и „Aerion Corporation“. „SpaceX“ на Илон Маск, исто така, има амбиции во суперсонично патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП