28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДовербата на потрошувачите во Германија останува непроменета во јули

Довербата на потрошувачите во Германија останува непроменета во јули

Корисничката доверба во Германија остана без промена за јули во позадина на стравувањата дека трговскиот конфликт меѓу Европа и САД може да ги помрачи изгледите пред најголемата европска економија, соопшти компанијата за истражување на пазарот „GfK“, цитирана од „Ројтерс“.

Приватната потрошувачка стана главен извор на економски раст за Германија во последниве години, поддржана од рекордно високата вработеност, засилената безбедност на работните места, повисоките од инфлацијата зголемувања на платите и ниската цена на кредитирањето.

Индексот на корисничката доверба на „GfK“, кој се изработува по консултации меѓу околу 2.000 германски државјани, останал на ниво 10,7 поени, откако претходните два месеци забележа пад. Аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваа дека индикаторот ќе се намали на 10,6 поени.

Индексот предвидува раст на личната потрошувачка во реални услови во следниот месец, а вредноста над нулата укажува на раст на годишна основа.

„Трговскиот конфликт меѓу ЕУ и САД се засилува и остава јасен белег врз расположението на потрошувачите во Германија“, вели експертот од компанијата Ролф Бјоркел.

Економските очекувања се намалија 14,1 поени на 23,3 поени, што е најниско ниво од пред една година.

Претседателот на САД Доналд Трамп се закани да наметне царина за увозот на автомобили од Европа – сектор, во кој Германија има доминантна позиција. Бизнис лидерите стравуваат дека ваквата трговска конфронтација меѓу Вашингтон и Пекинг може да наштети на германските извозници, кои се потпираат на двете најголеми светски економии за раст.

Под-индексот на „GfK“, кој ја мери подготвеноста на потрошувачите да купуваат, се зголеми малку на 56,3 поени. Овој индикатор ја одразува разликата помеѓу позитивниот и негативниот одговор на прашањето „Дали мислите дека сега е вистинско време де се прават големи купувања?“.

Индексот на очекувања, исто така, се зголеми на 57,6 поени, поттикнат од стабилниот пазар на труд и силната побарувачка за работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП