26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстануваат на сила санкциите против Северна Кореја

Остануваат на сила санкциите против Северна Кореја

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, и неговиот јужнокорејски колега Сонг Јунг-му соопштија дека санкциите против Северна Кореја остануваат на сила.

Тие изјавија дека така ќе биде сè додека Северна Кореја не направи конкретни, неповратни чекори кон денуклеаризација.

Во соопштението, како што објави Министерството за одбрана на Јужна Кореја по разговорите во Сеул, се наведува дека двајцата министри се согласиле дека е потребно да трагаат кон дополнителни мерки за зајакнување на довербата, доедека Северна Кореја продолжи со дијалогот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП