20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе менува сликата на Европа: Населението оди од исток кон запад

Се менува сликата на Европа: Населението оди од исток кон запад

Населението во Западна Европа значително се зголемува најмногу поради миграциите и доселувањето, додека пак Источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на граѓаните.

Најновата анализа на Австриската академија на науките и Институтот за демографија од Виена, се однесува на движењата на населението во Европа во периодот меѓу 1990 и 2017 година, земајќи ги предвид природниот демографски развој и миграцијата.

Резултатите покажале дека на два спротивставени краја се наоѓаат Ирска со раст од 36 отсто, кој првенствено се должи на природниот демографски развој, и Босна и Херцеговина со најголем пад на населението од 22 проценти, предизвикан од емиграција. И Хрватска е меѓу земјите кои бележат пад, бидејќи таму живеат 13 отсто помалку луѓе отколку во 1990 година, пренесува „Јутарњи лист“.

Државите со најголем пораст на населението се Швајцарија, со 26 отсто, главно поради доселувањата, Норвешка со 24 отсто, како резултат на стапката на наталитет и имиграција, Шпанија со 20 отсто, поради имиграцијата, Франција со 18 проценти (помалку имиграција, повеќе наталитет) и Шведска со 17 проценти (главно благодарение на имиграцијата).

Од друга страна, во цела посткомунистичка Европа бројот на население е зголемен само во Словенија и Словачка и тоа за три проценти. Најлоша е состојбата во Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Босна и Херцеговина и Косово, земји во кои по 1990 година, бројот на жители опаднал за повеќе од 20 проценти.

Според оваа анализа на австриските истражувачи, нема никакви показатели дека во догледно време ќе дојде до промена на ваквите трендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП