26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеминар за отворено владеење – принципи, методи и дигитални алатки

Семинар за отворено владеење – принципи, методи и дигитални алатки

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, денеска учествуваше на меѓународниот семинар организиран од општина Центар заедно со Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, на тема „ Отворено владеење: принципи, методи и дигитални алатки“, финансиски поддржано од програмата на Европската Унија „Европа за граѓаните“.

Целта на семинарот е да се претстават добри практики на користење на алатки со употребата на новите дигитални технологии со кои јавните институции може да бидат поотворени.
Свое обраќање на темата имаа и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и Павле Богоевски пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во своето обраќање, Павлески истакна дека од особено значење за демократизацијата на општеството е неговата отвореност, особено отвореноста и вклученоста при управувањето како на централно, така и на локално ниво.

„Локалната самоуправа е препознаена од ЕУ како исклучително важен сегмент и ќе има исклучително важна улога во процесот на пристапување кон Европската Унија. Развојот на локалната демократија е најважната одредница за градење на демократско општество, во кое граѓаните ќе се чувствуваат повикани активно да делуваат и да придонесат за развојот на заедницата“, истакна Павлески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП