5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку нов софтвер ќе се издаваат дозволи и документи за патничкиот и...

Преку нов софтвер ќе се издаваат дозволи и документи за патничкиот и товарен сообраќај

Во Министерството за транспорт и врски се одржа Јавна презентација на иновативни решенија за нов систем „ПристАПП транспорт“ за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај.

Како што информираат од министерството, новото софтверско решение има за цел да обезбеди поефикасно, поевтино и потранспарентно решение во процесот на издавање на различни видови на дозволи и документи во надлежност на Министерството за транспорт и врски, во секторот транспорт.

„Новиот систем треба да ги опфати сите фази од постапката од електронското аплицирање во патничкиот линиски превоз како и транспортот на стока, предвидени со Законот за превоз во патничкиот сообраќај, управување на постапките за одобрување решенија, па се до издавање на лиценците и дозволите. Исто така, како дел од ова решение ќе се создаде и Централен регистар на транспортери што ќе поддржува чување на информации за сите типови на транспортни компании, според нивните податоци според дејноста“, се наведува во соопштението.

Министерoт за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека алатката „ПристАПП Транспорт“ е прв пилот проект од програмата на Фондот за иновации и технолошки развој.

„ПристАПП Транспорт e нов софтвер кој има за цел да обезбеди поефикасно решение во процесот на издавање на различни видови на дозволи за транспортните компании. Изработката на новиот софтвер ќе обезбеди интероперабилност што ќе овозможи електронска размена на податоци меѓу институциите вклучени во постапките, а од друга страна ќе го олесни и пристапот на крајните корисници до транспортните услуги“, истакна Сугарески и додаде дека новата алатка треба да биде изработена во рок од 9 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП