18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД им се заканија со санкции на сите земји што ќе увезуваат...

САД им се заканија со санкции на сите земји што ќе увезуваат иранска нафта по 4 декември

САД им се заканија со санкции на сите земји што нема да го сведат увозот на нафта од Иран на нула до 4 ноември како дел од притисокот на администрацијата на Трамп за понатамошно изолирање на Техеран и политички и економски, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент, пренесува „Вол стрит џурнал“.

Купувачите на иранската сурова нафта очекуваа дека САД ќе им дадат многу подолг период за да го намалат увозот на нафта со издавање ослободување од санкции за земјите што направија значителни напори за намалување на нивните купувања. Тоа очекување беше делумно засновано на претходни коментари од администрцијата на Трамп, но високиот претставник на Стејт департментот во вторникот изјави дека администрацијата не планира да издава никакви ослободувања и наместо тоа ќе побара други извозници од Блискиот Исток во текот на следните денови за да обезбеди снабдување со нафта на глобалните пазари.

„Ние дефинитивно ќе бараме нивниот увоз на нафта без прашања да биде сведен на нула до 4 ноември”, изјави тој за купувањете на иранската нафта од други земји.

Иако администрацијата не отфрли издавање ослободувања како можност во иднина, претставникот на Стејт департментот нагласи: „Не, нема да правиме отстапки. Ова го сметаме за еден од врвните приоритети за национална безбедност .“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП