5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАнтидизел инвестиција - Jaguar вложува 18 милијарди долари во EV

Антидизел инвестиција – Jaguar вложува 18 милијарди долари во EV

Британскиот премиум производител „Jaguar Land Rover“ ќе инвестира 18 милијарди долари во електрични возила во следните три години.

Тоа е знак дека „Jaguar“ во целост го врти грбот на дизел моторите, а причината е стагнацијата во продажба на овој вид возила, по бројните забрани и ограничувања.

„Jaguar“ не ја достигна продажбата која ја планираше во првиот квартал во 2018-та, па ќе тргне во „контранапад“ со цел што побрзо да ги електрифицира сите свои модели.

Од компанијата која е сопственост на индискиот „Tata Motors“, истакнува дека профитабилноста е далеку под очекуваната граница, што влијаеше на негативниот прилив на пари по инвестицијата.

„JRL“ ги зголемува инвестициите со цел до 2025-та да може да произведува по три верзии од секој свој модел, со погон на фосилни горива, на батерии и комбинација на овие две.

Сите шест производни погони ќе бидат прилагодени за производство на моделите со овие мотори. Сепак, „JRL“ ќе понуди само електрични возила доколку биде доволно голема побарувачката за нив.

„JRL“ уште од претходно најави дека од 2020-та секој модел ќе има електричен елемент, што веројатно ќе значи хибриден, отколку „EV“ погон.

Проблемот за е „JRL“ е што 87% од продажбата во Велика Британија и Европа ја сочинуваат модели со дизел агрегати, што е огромен процент со оглед на „статусот“ на дизелите во светот, a особено на „Стариот континент“ во последните неколку години, поточно „Дизелгејт“ аферата во САД на „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП