11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска разгледува правни пречки за „Северен поток 2“

Данска разгледува правни пречки за „Северен поток 2“

Данска може да направи правни пречки за проектот за проширување на гасоводот „Северен поток 2“, станува јасно од коментарот на премиерот Ларс Расмусен, цитиран од агенциите. Тој го најави поднесувањето на предлог-законот до парламентот, кој исто така предвидува политичка проценка во развојот на инфраструктурните проекти.

Дел од трасата на гасоводот минува низ територијалните води на Данска и земјата треба да направи проценка на влијанието врз животната средина, а откако законот ќе стапи во сила и на одразот врз надворешната политичката средина.

Пред локалните медиуми Расмусен посочи дека овие текстови можат да и дозволат на Данска да го блокира или успори „Северен поток 2“. Според него одлуката за овој проект треба да биде на европско ниво.

Меѓутоа, во ЕУ, ставовите за новиот гасовод се многу поделени. Дел од земјите во Централна и Источна Европа се силно против, тврдејќи дека тој ќе ја зголеми зависноста на заедницата од руски гас и ќе и овозможи на Москва да има механизми за притисок. Сепак, Германија е голем поддржувач на проектот и смета дека е целосно комерцијална.

Против „Северен поток 2“ се исто така и поголемиот дел од европските институции. На почетокот на неделата комесарот за прашањата на Енергетскиот унија Марони Шефчович коментираше дека се водат интензивни преговори и додаде дека нема комерцијални проекти кој може да предизвикаат толку коментари на политичко ниво.

Шефчович објасни уште за време на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон, дека ЕУ работи активно за да биде зачуван транзитот на рускиот природен гас преку Украина. Дел од овие напори е да ги поддржат европските компании да учествуваат во модернизацијата на украинската гасоводна мрежа.

Тоа е лошата состојба на мрежата која Москва ја идентификува како основа за изградба на „Северен поток 2“ и „Турски тек“ долж Црното Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП