24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic ќе се натпреварува со Airbnb во Јапонија

Panasonic ќе се натпреварува со Airbnb во Јапонија

„Panasonic“ влегува во бизнисот со изнајмување на живеалишта на туристи, како и со планирање, градење и работење со апартмани за туристи, објави „Nikkei“.

Јапонскиот конгломерат, познат најмногу по апаратите за дома, смета дека побарувачката на изнајмување на станови ќе се зголеми поради очекуваниот прилив на туристи за Олимписките игри во 2020-та година, кои ќе се одржат во Токио. Единицата „Panasonic Homes“ ќе започне да гради околу десет згради во Токио и Осака, а очекува тие да генерираат продажба во вредност од 5 милијарди јени (45,66 милиони долари).

Домовите ќе вклучува апарати на „Panasonic“ и популарнаните козметички производи за жени. Иако зградите ќе се наоѓаат во центарот на градот, собите ќе се по цена од околу 5.000 јени од човек за ноќ (околу 39 евра), што е поевтино од хотелите. Секоја соба ќе има површина од околу 40 квадратни метри и ќе располага со легла за четири до пет лица.

„Panasonic“ ќе потпише договори со сопствениците на објекти за изнајмување за 30 години. Компанијата ќе преземе дел од трошоците за изградба на сопствениците на имотот и ќе добие попуст од 10% на надоместоците за сместување.

„Panasonic“, исто така, ќе соработува со веб-сајтовите за споделување на домови „Hyakusenrenma“ и S„queeze“, кои ќе работат со имотите.

Компанијата сега има искуство во управувањето со околу 100 имоти, како старечки домови и сега планира да ја пренесе својата експертиза во новиот сектор за споделување на станови во Јапонија. Во зависност од побарувачката, собите може да се претворат во конвенционални изнајмувачки објекти по десет години на употреба.

Јапонската влада смета дека земјата ќе привлече 60 милиони туристи во 2030-та година, или над два пати повеќе во однос на 2017-та година. Ако дел од нив ги користат апаратите на „Panasonic“ за време на престојот во Јапонија, тоа може да ја подобри продажбата на компанијата низ целиот свет.

По влегувањето во секторот за домување на нерезиденцијалните компании, како што се „Panasonic“ и туристичката агенција „JTB“, бројот на регистрираните имоти во земјата најверојатно ќе се зголеми на среден рок.

„Panasonic“ влегува на овој пазар во решителен момент, бидејќи по донесувањето на 15-ти јуни на новиот рестриктивен закон за туристичките населби, „Airbnb“ беше принудена да елиминира 80% од огласите, или околу 48.000 домови, бидејќи не располагале со потребните дозволи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП