28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтипендии за најдобро рангираните кандидати за студенти на штипскиот универзитет

Стипендии за најдобро рангираните кандидати за студенти на штипскиот универзитет

Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со бизнис секторот ќе додели 105 стипендии на најдобрите кандидати кои ќе конкурираат на годинашниот конкурс за упис на нови студенти. „Стипендиите се доделуваат од фондот за иновации и фондот за соработка со бизнисот и станува збор за средства кои ги обезбедуваат компаниите во земјава“,изјави ректорот на УГД , Блажо Боев.

Стипендиите се распоредени зависно од големината на факултетот. Според одлуката на Универзитетот бројката на стипендии е следна по факултети:

• Факултет за медицински науки – партиципација за најдобрите 13 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Земјоделски факултет – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за природни и технички науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма геологија и за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма рударство на конкурсот за упис на студенти;
• Економски факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Правен факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за туризам и бизнис логистика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Филолошки факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Електротехнички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Машински факултет– партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Технолошко-технички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за информатика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за образовни науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Ликовна академија – партиципација за најдобрите 3 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Музичка академија – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти

Стипендиите ќе се доделуваат по автоматизам за најдобро рангираните студенти и тие нема потреба да аплицираат за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП