18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите градови во светот за странци

Најскапите градови во светот за странци

Хонг Конг е најскапиот град за живеење во светот кога станува збор за странци кои работат во други земји, освен нивната татковина, според истражувањето.

Градот се враќа на највисоката позиција во тековната 2018-та година, по минатогодишниот под првото место кое го отстапи на Луанда, главниот град на Ангола.

Но, сега автономниот кинески мегаполис го предводи 24-тото по ред годишно рангирање на компанијата „Mercer“, кое ги споредува трошоците за живот во различни градови низ светот.

Истражувањето разгледува широк спектар на трошоци – од цени за сместување до цени на пиво и леб на различни локации.

Се разгледуваат цените на 200 производи и услуги на секоја локација, вклучувајќи транспорт, облека, храна и забава, билети за филмови, чаша кафе, литар бензин и друго.

„Mercer“ ги дефинира странците кои се предмет на истражувањето како луѓе испратени да работат во странски земји, различни од нивната родна земја, за релативно долг временски период.

Во рангирањето оваа година по Хонг Конг, е јапонскиот главен град Токио, а потоа следуваат Цирих и Сингапур, додека Сеул е петти.

Значи, четири од петте најскапи градови за странци се во Азија, според истражувањето.

Првите десет се дополнети со Луанда, Шангај, главниот град на Чад – Нџемена, Пекинг и Берн.

Најевтиниот град за странци, според рангирањето е Ташкент – престолнината на Узбекистан, кој се наоѓа на 209-то место во рангирањето, по Тунис и Бишкек, главниот град на Киргистан.

„Mercer“ го користи Њујорк како појдовна точка во споредување на цените во другите градови, а ги пресметуваат девизните разлики на база на американскиот долар.

Како резултат на поскапувањето на британската фунта во однос на доларот, Лондон се искачи во овогодинешното рангирање од 19-то до 10-то место.

Меѓу другите поголеми европски градови во рангирањето се наоѓаат Франкфурт (68), Берлин (71), Минхен (57), Париз (34), Рим (46), Мадрид (64), Виена (39), Москва (17) Санкт Петербург (49) и Киев (173).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП