5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштините ќе добиваат средства од приходите од ДДВ

Општините ќе добиваат средства од приходите од ДДВ

Владата на вчерашната седница го усвои предлог – уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2019 година.

Според пресметката којашто ја подготви Министерството за финансии, средствата ќе се распределуваат по следниот модел: фиксен дел во износ од 3 милиони за сите општини и градот Скопје и променлив дел којшто ќе се распределува според математичка формула – во зависност од бројот на жителите во општината – 65%, во зависност од површината на општината – 27% и според бројот на населени места во општината – 8%.

Распределбата на дотации од ДДВ ќе се врши од Буџетот на Република Македонија, почнувајќи од први јануари следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП