3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндија ги казни „Мекдоналдс“ и „Бургер Кинг“

Индија ги казни „Мекдоналдс“ и „Бургер Кинг“

Десетина компании, меѓу кои и „Мекдоналдс“ и „Бургер Кинг“, се казнети поради непочитување на забраната за употреба на пластика за еднократна употреба во Мумбај, финансискиот центар на Индија.

Според новите прописи, кои стапија на сила во саботата, забранета е употреба на пластика за еднократна употреба како што се пластични кеси, прибор за јадење, чаши и шишиња со одредена големина. За непочитување на прописот е предвидена казна од 5.000 рупи или околу 62 евра, за прв прекршок, 25.000 рупи или околу 313 евра за втор прекршок, а за трет дури и три месеци затвор.

Со ова, властите на Индија се надеваат дека ќе го исчистат Мумбај од пластичен отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП