26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХаос во Грција во сред сезона, евакуирани туристи!(видео)

Хаос во Грција во сред сезона, евакуирани туристи!(видео)

Нестабилното време донесе врнежи од дожд низ целиот Балкан, а најголем проблем е Грција, каде што многу плажи и улици се под вода, а поплавата носеше и автомобили.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки и фотографии од катастрофата што ја погоди земјата во екот на туристичката сезона.

На Халкидики најмногу проблеми има во Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти, според извештајот на  пожарната служба.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258378177718604/?t=0

Во Никити се преплавија патиштата кои направија проблеми во сообраќајот, и водата однесе и едно возило, јави грчката агенција АНА.

Река во Агиос Николаос се изли од коритото. Поради поплавите во Ситониа евакуирани се гостите на хотелот АСА Марис во близина на градот Пиргадикиа. Гостите беа евакуирани во хотелот Александар и сите се добри.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258500751039680/?t=1

Автомобили претрпеле материјална штета.

Градот Ормос Панагиас како резултат на обилните дождови претрпел материјална штета и неколку продавници биле поплавени.

https://www.facebook.com/GrckaInfopage/videos/1826682667370823/?t=1

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП