9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена субвенција од 7 денари за килограм предадени домати во преработувачки капацитети

Зголемена субвенција од 7 денари за килограм предадени домати во преработувачки капацитети

Со измените што денеска ги донесе Владата, висината на субвенциите за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети, се зголемува од постоечките 3 денари на 7 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

„Оваа интервентна мерка ќе важи за земјоделците кои ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач од утре до 15 јули годинава. Во определениот период се очекува да се откупат околу 500 тони домати. За исплата на зголемената субвенција се планирани 2 милиони денари, пари кои се во рамки на расположливите средства од Програмата“, соопшти Николовски.

Тој рече дека МЗШВ ја донело одлука за зголемување на субвенцијата поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена. Со ваквата интервентна мерка, Николовски очекува стабилизирање на пазарот на домати, а вишокот од производство да заврши како суровина во преработувачката индустрија.

„Како ресорно министерство и во следниот период ќе го следиме откупот на домати и ќе делуваме континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно. Обезбедувањето на сигурен пласман и создавањето на достоинствени пазарни услови за сите чинители во земјоделството, е една од стратешките цели на МЗШВ“, рече Николовски.

Тој додаде дека МЗШВ интензивно работи на долгорочна стратегија за решавање на пласманот на земјоделските производи, преку отворање на нови пазари за македонските земјоделски производи, а во овој процес се вклучени и македонските амбасадори, со цел да помогнат во делот на отворањето на странските пазари за македонските земјоделски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП