23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада и Германија имаат најголем потенцијал за повеќе инвестиции во недвижен имот

Канада и Германија имаат најголем потенцијал за повеќе инвестиции во недвижен имот

Канада и Германија се земјите со најголем потенцијал да добијат уште глобални инвестиции во недвижности и можат да привлечат дополнителен капитал од соодветно 3,8 милијарди евра (4,5 милијарди долари) и 2,6 милијарди евра (3,1 милијарди долари годишно).

Анализата, кој е дел од извештајот „Active Capital“ на консултантската компанија „Knight Frank“, е спроведен со користење на „гравитациониот“ модел заснован на модели кои се користат за предвидување на меѓународната трговија, соопштува интернет изданието „Europe-re.com“.

За прв пат „Knight Frank“ создава модел, опфаќајќи 40 променливи, кои имаат однос кон инвестициите во недвижен имот, вклучувајќи БДП-то на човек од населението, релативната сила на валутата и локација на дестинацијата.

Моделот зема предвид и голем број социјални и културни фактори кои влијаат врз приливот на капитал од една страна на друга, како заеднички јазик, постојните трговски договори и заедничка религија.

Според анализата, шест земји во Европа привлекуваат помалку инвестиции во недвижнини, отколку што се очекуваше.

Германија, која според „Knight Frank“ може да привлекува дополнителни 2,6 милијарди евра (3,1 милијарди долари) годишно, е потценет европски пазар. Потоа следат Швајцарија, Шведска, Франција и Белгија. Годишните инвестиции во Австрија исто така се далеку под предвидувањата на гравитациониот модел на „Knight Frank“.

Надвор од Европа консултантската компанија ги дефинира како потценети пазарите на недвижности во Индонезија и Малезија, каде што инвестициите се со 860 милиони евра (1 милијарди долари) под потенцијалното ниво.

„Го анализиравме пазарот и основните економски фактори кои влијаат врз приливот на капитал меѓу одделните земји, утврдивме дека Канада и некои од најразвојните имотни пазари во Европа, вклучувајќи ги Германија и Франција, можат да привлечат повеќе инвестиции. Иако конкуренцијата на локалните инвеститори на секој пазар е еден од факторите кои ги спречуваат инвестициите од странство, сметаме дека оваа бариера ќе стане незначителна со тек на времето, бидејќи апетитот за прекугранични трансакции расте“, вели Вилијам Метјуз, шеф на одделот „Истражување на бизнис имот“ во „Knight Frank“.

„Потенцијалните инвестиции од странство би имале огромни позитивни последици за локалните германски инвеститори и уште поважно – сеопфатно позитивно чувство за стабилноста на пазарот на недвижности во земјата. Таа доверба веќе води до зголемување на проектите за деловните згради „Класа А“, област во која Германија дефинитивно заостанува од меѓународните пазари кои имаат многу повеќе првокласни деловни комплекси“, дополнува Оле Зауер, шеф на „Капитални пазари“ во берлинската гранка на „Knight Frank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП