Германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ ќе претстави 17 нови или ажурирани модели во текот на следните 6 години. До оваа информација дојде изданието „Auto Motor Und Sport“ со што прецизира дека во оваа бројка влегуваат, како бензинските и дизел автомобилите, така и електричните.
Првиот модел беше претставен оваа пролет, новата генерација на „VW Touareg“. Премиерата на следните два е во следните месеци, а тоа се „надуените“ верзии на „T-Roc R“ и „Arteon R“.
До крајот на годината треба да дебитира обновениот „Passat“, како и купе верзијата на „Tiguan“. Таа ќе го добие додаток „Coupe“ кон името, како и сите мотори, со кои ќе биде опремена, ќе развиваат повеќе од 200 КС.
Компанијата ќе го претстави и компактниот кросовер „T-Cross“, во чија основа е платформата на новото „Polo“. Во почетокот на 2019-та година ќе излезе следната генерација на „Golf“, а веднаш по него ќе го видиме и електричниот „I.D.“ хечбек.
Опсегот на електрични автомобили на брендот ќе биде завршен со уште четири модели. Компанијата исто така ќе претстави комбето „Volkswagen T7“, спортскиот караван „Arteon Shooting Brake“ и барем три нови верзии на новиот „Golf“ – „Variant“, „GTI“ и „R“.