18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатите луѓе во Кина го поддржуваат IPO-то на Xiaomi

Најбогатите луѓе во Кина го поддржуваат IPO-то на Xiaomi

Најбогатите луѓе во Кина се подготвени за претстојното „IPO“ на „Xiaomi“ во Хонг Конг, пишува „Bloomberg“.

Поранешниот претседател на „CK Hutchinson“ Ли Ки-цјан, познат во поранешната британска колонија како „супермен“ поради својата бизнис генијалност, планира да инвестира 30 милиони долари за нејасно колку голем дел од кинескиот производител на смартфони, тврдат запознаени извори. Основачот на „Alibaba“, Џек Ма и претседателот на „Tencent“, Пони Ма – двајцата најбогати луѓе во земјата, исто одлучиле да земат удели од „Xiaomi“, тврдат извори кои посакале анонимност.

Тројцата милијардери се приклучуваат на групата од големи корпорациски имиња во поддршка на „IPO“-то, кое може да собере до 6,1 милијарди долари. Најголемиот телекомуникациски оператор „China Mobile“ и американскиот производител на чипови „Qualcomm“ се меѓу оние кои се согласиле да учествуваат како инвеститори, покажуваат условите на договорот разгледани од „Bloomberg“.

Учеството на Ли може да се одрази добро на индивидуалните инвеститори во Хонг Конг, каде веќе пензионираниот бизнисмен е речиси славен. Тој инвестира во Фондацијата „Li Ka Shing“, рече еден од изворите. Учеството на Ли прв пат се одрази во „Hong Kong Economic Journal“.

Претставниците на „Alibaba Group Holding“ и „CK Hutchinson“ не ја коментираа веднаш оваа инфорамција. „Tencent Holdings“ не успеа да одговори на барањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП