2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во британскиот автомобилски сектор се преполовија

Инвестициите во британскиот автомобилски сектор се преполовија

Инвестициите во британскиот автомобилски сектор се стопија на половина, покажуваат податоците на локалната трговска организација „Society of Motor Manufacturers & Traders“ (SMMT), цитирани од „BBC“.

Организацијата вели дека несигурноста, создадена од Брегзит“, предизвикува голем број производители на автомобили да ги ограничат своите инвестициски намери во однос на нивните капацитети на Островот.

За првите 6 месеци од минатата 2017-та година инвестициите во нови модели на автомобили и подобрувања во фабриките изнесуваат 647.4 милиони фунти (734 милиони евра).

За истиот период оваа година, износот падна за половина на 347,3 милиони фунти (394 милиони евра).

„ЅММТ“ истакнува дека ова е најниското ниво на инвестиции во секторот од финансиската криза.

Секторската организација вели дека активностите на британската влада и различните сигнали за Брегзит работат „директно против интересите на британскиот автомобилски сектор“.

Извршниот директор на „SMMT“ коментира дека индустријата има потреба од „јасност“ и инсистира Велика Британија да остане дел од царинската унија на ЕУ, бидејќи сценарио без договор, во кој земјата ја напушта ЕУ, царинската унија и единствениот пазар без трговски договор, ќе биде „најлошата можност што може да се замисли“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП