25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадските власти отстрануваа дивопоставени тезги во повеќе скопски населби

Градските власти отстрануваа дивопоставени тезги во повеќе скопски населби

Скопските градски власти утрово спровеле акција за отстранување нелегални продавачи на улицата Брадфордска во населба Козле, кај мостот „Влајко“ во Влае и на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром.

Како што информираат од Град Скопје, во рамките на акцијата биле запленети над 10 тони стока, која по направените записници од пазарната инспекција била предадена во Агенцијата за управување со одземен имот. Исти така, изречени биле вкупно 8 казни на нелегалните продавачи по основа на прекршување на Законот за јавна чистота.

„Акцијата беше спроведена по барање на околните жители, за да се стави крај на нехигиената и нередот што зад себе го оставаат нелегалните продавачи, како и по барање на продавачите што имаат закупено тезги на зелените пазари и уредно плаќаат за користење на тие тезги со цел заштита од нелојална конкуренција. Нелегалните продавачи на посочените локации минатата недела беа предупредени да ги отстранат своите импровизирани тезги бидејќи во спротивно ќе им биде одземена стоката и ќе им бидат изречени казни“, се наведува во соопштението од Градот.

Во него се додава дека градските власти од идната сезона ќе се залагаат за соработка со општините со цел регулирање на начинот на сезонската продажба на ваквата стока. Покрај тоа, се наведува оти Градот Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи имаат еднаков пристап и кон нелегалните продавачи на Бит-пазар, како и на сите други локации во градот.

„Отстранувањето на нелегалните продавачи од повеќе локации ќе продолжи и во наредниот период во насока на воспоставување ред за пофункционален и побезбеден град“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП