9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрамп ги критикуваше "Харли Дејвидсон"

Трамп ги критикуваше “Харли Дејвидсон”

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше американскиот производител Харли Дејвидсон, кој објави дека поради порастот на трошоците поради новите европски тарифи ќе го префрли производството на европскиот пазар.

Целта за преместувањето на производството е да се избегнат царинските бариери на ЕУ.

“Изненадувачки,” од сите компании, Харли Дејвидсон ќе биде првиот што ќе подигне бело знаме. Напорно се борев за нив, и на крајот на краиштата тие не плаќаат тарифи за продажба во ЕУ “, напиша Трамп на Твитер, објави Ројтерс.

“Даноците се само изговор на “Харли “- бидете трпеливи!”, додаде Трамп.

Европските тарифи за увоз на мотори од САД се зголемија од 6,0 на 31 отсто, објавија претходно од компанијата и додадоа дека нема да ги зголемат своите цени, бидејќи тоа би можело да има трајни штетни последици за работењето на компанијата во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП