17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанчевски-Габриел: Европската комисија е партнер на Македонија за реализација на ИКТ-проектите

Манчевски-Габриел: Европската комисија е партнер на Македонија за реализација на ИКТ-проектите

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари работна средба со еврокомесарката задолжена за дигитално општество и економија, Марија Габриел.

На средбата се разговараше за документот претставен од Европската комисија, којшто се однесува на серијата мерки за поддршка за реализација на проектите за дигитална трансформација.

Министерот Манчевски ја информираше еврокомесарката Габриел за формирањето дигитален форум за ИКТ, каде ќе членуваат претставници на стопанските комори, бизнис-заедницата, академската фела, граѓанскиот организации. Во Дигиталниот форум ќе членуваат министерот Манчевски и претседателот на ИКТ-советот, Владимир Цветковиќ. Дигиталниот форум ќе работи како стручно и советодавно тело од областа на информатичкото општество. Целта е да е во постојана координација со ИКТ-советот, каде што ќе се имплементираат идеите и предлозите развиени во Дигиталниот форум. Форумот по потреба ќе формира експертски работни групи кои ќе ги вклучуваат сите засегнати и заинтересирани страни за решавање одредени прашања поврзани со развојот на информатичкотот општество.

Еврокомесарката Габриел ја поддржа иницијативата и ја понуди помошта и експертизата на Европската комисија, за сите проекти кои се во рамки на дигиталната трансформација. Со министерот Манчевски разговараа и за иницијативата Македонија да биде домаќин на првата регионална Академија за сајбер-безбедност.

Намалување на цените за роаминг, развивање наставна програма во основните и средни училишта за развивање дигитални вештини и модернизација на администрацијата, остануваат да бидат во фокусот на работата на Владата и МИОА за што Европската комисија е постојан партнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП