28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од европските компании ги намалуваат своите инвестиции на Островот

Половина од европските компании ги намалуваат своите инвестиции на Островот

Речиси половина од големите европски компании ќе ги намалат инвестициите во Велика Британија поради излезот на земјата од Европската унија, покажа истражувањето на мултинационалната правна компанија „Baker & McKenzie“ помеѓу 800 бизнис лидери, цитирано од „Ројтерс“. Консултацијата беше направена две години по референдумот за „Brexit“.

Три четвртини од бизнисмените побараа од Брисел да направи отстапки за Велика Британија за да обезбеди подобри трговски односи по „Brexit“ во почетокот на 2019-та година.

„Исклучително јасно се гледа дека компаниите, особено германските, сметаат дека „Brexit“ ќе се одрази лошо на бизнисот“, посочи Анахита Томс, трговски партнер во „Baker & McKenzie“ во Дизелдорф.

Германската индустриска асоцијација (BDI) минатата недела предупреди дека Велика Британија оди кон „Brexit“ без јасни правила што може да има катастрофални последици.

„Airbus“ рече дека повлекувањето без договор би го натерало инвеститорот во авиони да ја преиспита својата долгорочна позиција и да ги загрози илјадниците работни места.

На прашањето дали Велика Британија треба да биде казнета за заминувањето од ЕУ или да се продолжи трговијата со неа при повластени услови, 96 проценти од анкетираните стојат зад ставот дека трговијата е поважна од тоа да се дава лекција на Лондон поради „Brexit“.

Преовладува мислењето дека не се направени консултации со бизнис лидерите и нивното мислење, нема никакво внимание од екипата на ЕУ, кој води преговорите за договарање на трговските односи по „Brexit“.

Две третини од испитаниците сакаат договор за слободна трговија, додека 45 отсто се за царинска унија, вели правната компанија.

„Baker & McKenzie“ анкетиранираше извршни директори на компании со годишна продажба од најмалку 250 милиони фунти (330 милиони долари) во Франција, Германија, Шведска, Ирска, Шпанија и Холандија.

Британците гласаа за напуштање на ЕУ на 23-ти јуни 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП