
Неодамнешното австралиско истражување покажа дека вашатa фризура игра значајна улога во проценката на вашата сериозност на работното место.


Неодамнешното австралиско истражување покажа дека вашатa фризура игра значајна улога во проценката на вашата сериозност на работното место.
За 75 проценти од испитаниците, фризурата е одраз на интелигентниот дел на личноста, всушност таа го прикажува вашиот степен на професионализам.
Личностите со црвена коса се сметаат за „најмалку професионални“ личности, додека жените со распуштена и неуредна коса се сметаат за „помалку компетентни“ од оние кои својата коса ја врзуваат.
Според истражувањето, кое го спроведе компанијата за козметички производи „Boosy Hair“, 52 проценти од мажите и 64 проценти од жените изјавиле дека фризурата е важен фактор кој ја прикажува личноста на работникот.
Според тврдењата на експертите, луѓето најчесто веруваат дека ако некое лице е недисциплинирано во некој домен, тогаш тоа го повторува и во другите.
Затоа сликата која им ја испраќаме на другите треба да ја отрива личноста во соодветно светло, за работодавецот и останатите во деловната средина да не прочитаат правилно, да не ја потценат нашата уредност, интелигенција и способност.