29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba се „спаси“ од парична казна за сметководствениот скандал

Toshiba се „спаси“ од парична казна за сметководствениот скандал

Јапонскиот технолошки гигант „Toshiba“ денеска најави дека Комисијата за хартии од вредност и берзите (SEC) во САД ја заврши истрагата на минатите сметководствени практики на компанијата без да ја казни, пренесува „Ројтерс“.

„Дознавме дека сите истраги на (SEC) за нашите сметки се завршени“, изјави портпаролот на „Toshiba“ за агенцијата, додавајќи дека не е изречена казна.

Сметководствениот скандал на „Toshiba“ датира од 2015-та година и е поврзан со голем број на грешки кои почнаа уште во 2008-ма година. Сето ова го принуди конгломератот да продаде бизнисот со чипови.

Претходно овој месец, „Toshiba“ откри дека ја заврши продажбата на својата единица за чипови. Конзорциумот, предводен од американската компанија за приватен капитал „Bain Capital“, го купи бизнисот за 18 милијарди долари.

Крајот на договорот, кој првично мораше да се случи на крајот од март, беше одложен поради континуираната истрага на случајот од страна на кинеските антимонополски власти.

Малку порано во мај, компанијата соопшти дека очекува нејзиниот нето-профит да скокне за 33 проценти во оваа фискална година, благодарение на планираната продажба на единицата за чипови.

Нето добивката на конгломератот веројатно ќе порасне на 1,07 илјади милијарди јени од 804 милијарди јени, истакнувајќи втората година по ред добивка за компанијата по години на финансиската криза поради сметководствениот скандал и премногу големите трошоци на нејзината американска единица за нуклеарна енергетика „Westinghouse“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП