26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгласот за закуп на земјиште во Џумајлија трае уште пет дена

Огласот за закуп на земјиште во Џумајлија трае уште пет дена

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во регионот на Свети Николе трае до петок, 29 јуни. Станува збор за дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат „Џумајлија“.

Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на 2 јули во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Аминта Трети бр.2 Скопје, со почеток од 10 часот.

Со јавниот оглас се опфатени 907 хектари, поделени во 10 блока. За разлика од претходните огласи, кога имаше дополнителни услови во однос на предвидена инвестиција и со рокот за изведба на инвестицијата, сега во овој оглас не се предвидени дополнителни услуги, со што се релаксираат условите за учество. Намената за којашто се дава земјоделското земјиште е подигање долгодишни насади со лозје, овоштарници и хмељ, оранжерии, долгодишни насади со лешник, маслинарници, ливади, рибници, спортско-рекреативни активности и рурален туризам и одгледување на други земјоделски култури.

Во 2013 година индискиот бизнисмен Субрата Рој најави инвестиција во Џумајлија, но државата го раскина договорот со неговата компанија „Сахара Индиа Паривер“ затоа што компанијата не ги испочитувала одредбите. Во 2014 година Субрата Рој беше уапсен поради измама. Тогаш беше објавено дека две фирми од „Сахара груп“ на Рој се стекнале со 240 милијарди рупии (3,9 милијарди долари) преку нелегални хартии од вредност. Според пазарните регулатори на Индија, Рој не вратил милиони долари на инвеститорите и покрај судските наредби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП