25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо победата на Ердоган, зајакна турската лира

По победата на Ердоган, зајакна турската лира

По претседателските и парламентарните избори во Турција, забележан е пад на вредноста на американскиот долар во однос на турската лира.

Лирата утрово зајакнала за 1,5 отсто на 4,5920 лири за долар во однос на 4,6625 лири за долар во петокот. Инвеститорите веруваат дека победата на Реџеп Таип Ердоган ќе ѝ донесе политичка стабилност на земјата.

Главниот индекс на турската берза БИСТ 100 скокна за 2,2 отсто на 97,964 поени, додека приносите на 10-годишната турска обврзница паднале на 16,07 отсто од 16,29 од петокот.

„Краткорочно гледано, пазарите почувствуваа олеснување затоа што е избегната политичка нестабилност“, изјавил економистот Џејсон Туви, од компанијата „Капитал економикс“.

Лирата изгуби 17 отсто од вредноста во однос на доларот од почетокот на оваа година, пред сè поради загриженоста во поглед на независноста на централната банка на Турција, на која, како што наведува „Ројтерс“, претседателот го зголеми притисокот затоа што сака пониски каматни стапки за да поттикне економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП