28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и Франција се здружија за да го направат најнапредниот воен авион...

Германија и Франција се здружија за да го направат најнапредниот воен авион (видео)

Франција и Германија потпишаа договор за заедничко развивање нов борбен авион, кој ќе биде подготвен за употреба за 22 години. Според информациите, на ваков потег земјите се одлучиле од чисто економски причини бидејќи развојот на новиот авион несомнено ќе чини десетици милијарди долари.

Се очекува водечката улога во проектот да ја преземе Франција, конкретно компанијата Dassault, позната по производството на одличниот, но скап борбен авион Dassault Rafale. Од друга страна, германскиот придонес ќе биде во финансирањето на подолем дел од проектот.

Очекувано, деталите за новиот проект се слабо познати, но неколку работи може да се претпостават со поголема сигурност. Со оглед на тоа што новото борбено летало ќе биде замена за Rafale (Франција) и Eurofighter (Германија), авиони со два мотора, се очекува истото да се преслика и кај новиот ловец.

Исто така, леталото треба да располага и со т.н. „стелт“ карактеристики, односно намалена видливост за радарите, а бидејќи оружјето и борбениот арсенал ќе биде скриен во внатрешноста на авионот, се очекува дека истиот ќе има поголеми димензии од Rafale и Eurofighter.

Новиот авион, исто така, ќе има напреден радар и моќен компјутер кој ќе му овозможи брзо споделување на податоци со други платформи.

Покрај тоа, пилотот ќе има можност од авионот да управува со „јато“ беспилотни летала, кои ќе ги напаѓаат непријателските цели. Авионот ќе биде повеќенаменски, способен за борба во воздух, како и за уништување цели на земјата. Поради тоа, ќе има проектили воздух-воздух (веројатно модерна верзија на популарните „Метеор“) и проектили воздух-земја со можност за автоматско наведување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП